Category Archives: Награди

FIKT CodeCup 2018 натпревар за средношколци

Апликацијата „SmartHome“ на ученикот Константин Велјановски од СОТУ Ѓорги Наумов – Битола, под менторство на професорот Јани Сервини е победник на овогодишниот CodeCup.

Второто место му припадна на играта (Sub)conscious изработена од учениците Давид Талевски и Стефан Бојаџиев од Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Битола, под менторство на професорката Мирјана Соклевска.

Третото место го освои Викторија Пановска со играта „Escape the Room“, а четвртото Ивана Боцевска со играта „Табланет“, двете од Jahya Kemal College – Струга, под менторство на професорката Рилинда Хода.

Петтото место му припадна на Гимназија „Мирче Ацев“ од Прилеп, за апликацијата „Морзеова Азбука“, изработена од учениците Симона Тошеска и Михаела Павлеска, под менторство на професорката Анкица Стеваноска Јанческа.

Најдобро рангираните 3 апликации добија и школарини за студирање на ФИКТ, и беа пригодно наградени од Interworks, Seavus и ФИКТ. Сите учесници добија сертификати за успешното учество на натпреварот.

Комисијата имаше навистина тешка задача да ги избере најдобрите проекти. На сите 34 тимови им се заблагодаруваме на учеството, и им честитаме за одлично сработените проекти. Денес уживавме во секој момент од дружењето со Вас на ФИКТ!

Се гледаме на CodeCup 2019!

CodeCUP 2017 натпревар за средношколци

На CodeCUP 2017 за успешно завршените проекти се доделени следните награди,во соработка со компаниите Seavus и Interworks :

  • Таблети на првонаградениот тим и нивниот ментор
  • Android TV BOX на второнаградениот тим и нивниот ментор
  • Ранец и маус за третонаградените тимови и нивните ментори

1. Првонаграден проект Игра собирање на пехари за тимот од СОУ „Нико Нестор“ – Струга (Лирим Бектеши-ментор, тим: Махир Мерсимоски и Амир Ајдиноски)

2. Второнаграден проект Апликација рента кар за тимот од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид (Јулијана Петреска – ментор, тим: Александар Дукадиноски и Филип Јосифоски)

3. Третонаграден проект Платформа за споделување и уредување слики и 3D проекти за тимот од СОУ гимназија „Мирче Ацев“ – Прилеп (Анкица Стеваноска Јанческа – ментор, тим: Димитар Милески)

3. Третонаграден проект Смарт кеш за тимот од СОУ гимназија „Јосип Броз Тито“ – Битола (Мирјана Соклевска – ментор, тим: Бошко Колоски и Милан Петровски)

  • ослободување од партиципација за првата година студирање за тимовите од 1-3 место
  • сертификати за успешно учество на сите учесници