FIKT CodeCup 2018 натпревар за средношколци

Апликацијата „SmartHome“ на ученикот Константин Велјановски од СОТУ Ѓорги Наумов – Битола, под менторство на професорот Јани Сервини е победник на овогодишниот CodeCup.

Второто место му припадна на играта (Sub)conscious изработена од учениците Давид Талевски и Стефан Бојаџиев од Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Битола, под менторство на професорката Мирјана Соклевска.

Третото место го освои Викторија Пановска со играта „Escape the Room“, а четвртото Ивана Боцевска со играта „Табланет“, двете од Jahya Kemal College – Струга, под менторство на професорката Рилинда Хода.

Петтото место му припадна на Гимназија „Мирче Ацев“ од Прилеп, за апликацијата „Морзеова Азбука“, изработена од учениците Симона Тошеска и Михаела Павлеска, под менторство на професорката Анкица Стеваноска Јанческа.

Најдобро рангираните 3 апликации добија и школарини за студирање на ФИКТ, и беа пригодно наградени од Interworks, Seavus и ФИКТ. Сите учесници добија сертификати за успешното учество на натпреварот.

Комисијата имаше навистина тешка задача да ги избере најдобрите проекти. На сите 34 тимови им се заблагодаруваме на учеството, и им честитаме за одлично сработените проекти. Денес уживавме во секој момент од дружењето со Вас на ФИКТ!

Се гледаме на CodeCup 2019!

CodeCup 2018

 

Посета на училишта – средба со менторите и тимовите : Ноември – Декември 2017

Рок за пријавување на проекти најдоцна до: 15.12.2017

Рок за доставување на проектите најдоцна до:  25.02.2018  04.03.2018   17.03.2018

Презентирање на проекти: 10.03.2018  17.03.2018  31.03.2018

CodeCup2018

CodeCUP 2017 натпревар за средношколци

На CodeCUP 2017 за успешно завршените проекти се доделени следните награди,во соработка со компаниите Seavus и Interworks :

  • Таблети на првонаградениот тим и нивниот ментор
  • Android TV BOX на второнаградениот тим и нивниот ментор
  • Ранец и маус за третонаградените тимови и нивните ментори

1. Првонаграден проект Игра собирање на пехари за тимот од СОУ „Нико Нестор“ – Струга (Лирим Бектеши-ментор, тим: Махир Мерсимоски и Амир Ајдиноски)

2. Второнаграден проект Апликација рента кар за тимот од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид (Јулијана Петреска – ментор, тим: Александар Дукадиноски и Филип Јосифоски)

3. Третонаграден проект Платформа за споделување и уредување слики и 3D проекти за тимот од СОУ гимназија „Мирче Ацев“ – Прилеп (Анкица Стеваноска Јанческа – ментор, тим: Димитар Милески)

3. Третонаграден проект Смарт кеш за тимот од СОУ гимназија „Јосип Броз Тито“ – Битола (Мирјана Соклевска – ментор, тим: Бошко Колоски и Милан Петровски)

  • ослободување од партиципација за првата година студирање за тимовите од 1-3 место
  • сертификати за успешно учество на сите учесници